top of page
shutterstock_170939315.jpg

Преземаме

сопственост

Софтверот е креативен потфат. Потребна е целосна посветеност на сите нивоа, вклучувајќи развивачи, тестери, деловни аналитичари, DevOps инженери, графички дизајнери итн. Кога сите членови ги интернализираат целите на тимот како свои цели, тогаш тие го даваат најдоброто од себе и постигнуваат оптимални резултати.

Сиа Софт е компанија основана од тесно поврзан тим експерти за развој на софтвер и деловни ветерани. Ние преземаме целосна сопственост и гордост од нашата работа и резултати. Без разлика дали работиме на наши сопствени производи и решенија, или на проекти за нашите клиенти, ние дејстуваме и го даваме нашиот креативен и конструктивен придонес, во сите наши соработки. Ние им помагаме на нашите клиенти да станат лидери во нивниот домен, дејствувајќи како составен дел од нивниот тим, водејќи ги нивните битки, како да се наши. Ние обезбедуваме увид и идеи и на технички и на деловен план, принесувајќи ја кумулативната вредност на нашиот тим, кон секој клиент со кој соработуваме.

shutterstock_1522647977.jpg

ДНК на 

квалитет и експертиза

Ние градиме софтвер. Од обработка на интернет плаќања, до контрола на високо-прецизно јонизирачко зрачење во хадронски забрзувачи. Од овозможување на најголемата дигитална здравствена заедница во светот, до обезбедување комуникации за владите и војските. По сите вертикали и домени, постои едно заедничко побарување - Квалитет.


Квалитетот произлегува од експертиза и трудољубивост. Ние го нудиме акумулираното искуство на тим кој работи заедно од 2010 година, со работен менталитет кој нè води напред. Како и двете испреплетени спирали на ДНК, ние ги донесуваме Трудољубивоста и Експертизата до нивниот конечен заклучок - Бескомпромисен квалитет.

shutterstock_642423370.jpg

Куќа на знаење

Името на Сиа потекнува од персонификацијата на перцепцијата и смислата во античкиот египетски пантеон. Сиа е египетски бог на знаењето, спознавањето и пишувањето. Ние го споделуваме ова разбирање на знаењето како основен елемент на напредокот .

Денес, повеќе од кога било, технологијата брзо се развива, во постојана забрзана потрага по пронаоѓање и нарушување. Во Сиа Софт, ние упорно посветуваме време и напор да го следиме ова незапирливо тркало на технолошките промени. Ние применуваме нови модерни дизајни и архитектури и современи избори технолошки структури. Не станува збор само за следење на трендовите и најновата блескава технологија не секогаш е најдобриот избор за секоја употреба.
Ова е местото каде стажот и искуството влегуваат во игра, во идентификувањето на најсоодветните алатки за задоволување на секое специфично барање на клиентот. Оптималните технолошки опции, дизајн и архитектура се клучни за претворање на вашите напори за развој на софтвер и инвестиции, во производи подготвени за пазарот, создавајќи вредност за вас и вашите клиенти.

Ние отворено разговараме со нашите партнери и клиенти, кон идентификување на оптимални решенија за нивните посебни потреби, како и обезбедување јасен и прецизен увид во нивната постоечка база на податоци и должно внимание кон нивните проекти и внатрешни процеси.

Ова е овозможено преку нашиот внатрешен процес на континуирана размена на знаење и инвестирање и негување на нашите таленти и технолошки страсти. Преку нашите блиски врски со Универзитетот во Скопје, секогаш нè радува да го поздравуваме светлиот нов талент во нашите редови. Професионалниот развој во ИТ никогаш не запира и секој тим секогаш треба да најде време да ја „наостри секирата“.

bottom of page