top of page
tall diagonal right-01.png
left-up-01.png

Наши

Услуги

due-diligence-02.png

Предизвици на дигитална трансформација

Иновациите се клучна состојка во секој успешен деловен потфат.

Конформизмот и недостатокот на иновација се предвесници на пропаст, дури и за најдобро етаблираните компании. Денес, дигиталната трансформација е една од најраспространетите движечки сили за зголемена ефикасност, приспособливост и ефективност.

Нудиме поддршка за дигитална трансформација во повеќе варијанти:

 

Тим како услуга

 

Можеме да обезбедиме интегриран тим за развој на софтвер, да работиме како дел од поширока организација, или автономно да извршуваме според детално дефинирани барања.

​

Обезбедуваме посветени технолошки специјалисти

 

Ги пополнуваме местата кои недостасуваат во вашата организација, или дејствуваме како изучен партнер од искуство за вашиот тим.

​

Флексибилен капацитет да го надополни вашиот тим

 

Можеме брзо да надградуваме и да го обезбедиме потребниот капацитет за справување со флуктуациите на побарувачката кај нашиот клиент.

Штом успешно го развиете вашиот деловен модел во дигитална стратегија, вашата компанија е подготвена за следниот чекор - да стане брза и моќна деловна машина!

smart-and-efficient-02.png
right-down-01.png

Дигитална одговорност

Технологијата е деловен инструмент

 

Успешните компании се градат на повеќе од само добра идеја, фантастичен договор или разумен претприемач. За тие да станат и останат успешни, потребно е и разбирање на можностите кои ги нуди најновата технологија. Ова вклучува вистинско разбирање на архитектурата, дизајнот, прилагодливоста и методологијата на работа. Покрај тоа, потребен е и тим кој може соодветно да изврши.

 

Ние работиме со инвеститори и развоен капитал

​

Технолошкиот сектор расте со огромна брзина, но само мал дел од технолошките инвестиции се успешни. Премногу често, сме сведоци на претприемништво кое спроведува длабинска финансиска и договорна анализа, но пропратена со минимална (доколку и ја има), длабинска технолошка анализа. Ние веруваме дека техничката анализа е неопходна и може значително да го намали ризикот од неуспех!

 

Ние работиме со старт-ап и растечки компании

​

Ние самите сме презентирале пред инвеститори и на старт-ап настани. Знаеме каков предизвик е ова. Редовно среќаваме претприемачи кои презентираат навистина одлични идеи и производи, како почетни и растечки компании. Во повеќето случаи, потребна е понатамошна работа за идејата или производот успешно да конкурираат, додека притисокот е константен. Ние можеме да ви помогнеме со унапредување на вашата технологија и методологија и да ви ја обезбедиме потребната експертиза и моќност за извршување. Ние знаеме што да направиме и како да го направиме тоа!

digital-transformation-02.png

Проточен бизнис

Луѓето се во центарот на секоја компанија. Луѓето треба да бидат умот, возачот на воланот, додека технологијата е телото.

 

Со секоја измината година, компаниите имаат се пошироко растечко технолошко поле од алатки, кое е управувано од луѓето, но и сè повеќе самото тоа го придвижува нивниот секојдневен работен век. Овој сè позастапен взаемно-повратен круг помеѓу човекот и технологијата нè прави попродуктивни, посвесни за поголемата слика и вистинските деловни цели, а сето тоа ја прави компанијата помала а помоќна.

​

Секоја работа има:

​

  • Влезови за деловни активности и податоци што треба да се исчистат пред употреба

  • Внатрешна обработка: додавање на знаење и интерпретација

  • Излез: активни податоци

  • Интерфејси со повеќе други засегнати страни и системи, кои треба правилно да се воспостават и управуваат

​

Работа што изгледа вака е зрела за дигитализација и автоматизација, овозможувајќи им на луѓето да се фокусираат на иновации, стратегија и континуирано подобрување на резултатите. Повторливите, бесмислени, здодевни работни места треба да направат простор за креативност и професионално исполнување.

 

Дигиталната трансформација и автоматизација доведуваат до подобрена ефикасност, приспособливост и ефективност, отворајќи го патот кон поголемо задоволство на клиентите и зголемување на приносите.

 

Ние промовираме и спроведуваме решенија од областа на автоматизирани работни процеси (автоматизација на процеси, БПМ), Анализа на податоци, Информациска наука и Машинско учење.

Copyright © 2021 Sia Soft. All rights reserved.

  • linkedin-icon
  • twitter-icon
bottom of page